БРЕНДИНГ

Откако се креира целосно нов концепт според Вашите желби, „оживеани“ од наша страна, или пак имате веќе изработено лого, и сакате ре-дизајн, наша должност е да направиме вашето лого да ве претстави во извондредно светло до степен каде што само еден поглед на логото од потенцијалните клиенти ќе ги направи постоечки.

Како до тоа?

Логото може да биде направено еднаш и да остане така, без да се создаде препознатлив бренд со него. Но, од друга страна, со посветување на внимание на бојата на логото, фонтот искористен  за  негово креирање, доаѓаме до следниот чекор, а тоа е креирање на идентитет, бизнис идентитет. Комбинација од боите, фонтот, самите дизајн илустрации, веб страната, изгледот на Вашите  визит карти кој подеднакво го искажува она  кое го кажува и самото лого, доаѓаме до брендингот.

Успешниот брендинг се состои од Вашата приказна „напишана“ преку нашиот дизајн, а „прераскажана“ преку импресии од потенцијалните клиенти кои ќе се одѕиваат на препознатливиот бренд, без да имаат потреба  да прочитаат нешто повеќе.

 

Графички дизајн

Графичкиот дизајн е почеток на се што не опкружува од дигиталниот свет. Почнувајќи од креативно лого, па се до поеднакво креативен дизајн на каталог, пакување, билборд, постер и останато. Секоја Ваша идеја, подгответе се да биде илустрирана во најразлична  форма, соодвествена со модерните трендови, споени со нашите оригинални идеи, кои вродуваат совршен изглед на вашето лого, визит карта, вашата брошура, флаер, постер, каталог, креативен меморандум, папка и останато.