Pageland - Изработка на веб страници
Get In Touch
Metodija Shatorov-Sharlo 1/3, Skopje
info@pageland.mk

Изработка на професионални веб страници

Секоја секунда е важна

Секоја измината секунда во која бизнисот нема професионално изработена веб-страница е губење на еден потенцијален клиент.

За веб-страница не постои компромис. Или е добра, или не. Ние веруваме во професионалност и перфекционизам кога станува збор за изработка на веб-страници.

АИИ – Анализа, Истражување, Изработка.

Ова се нашите вредности кога станува збор за веб-страница.

01.

Анализа

За да дојдеме до идеален дизајн и изработка на веб-страница, потребна е анализа на дејноста на вашиот бренд. Од клучна важност е да го разбереме патот и потребата на вашиот клиент за да креираме корисничко искуство кое ќе го задржи интересот на клиентот.

03.

Изработка

Откако ќе го добиеме заклучокот од претходните две точки, доаѓаме до дефинирање на визуелниот изглед, и следен чекор е изработката на веб-страницата. Овој чекор го „оживува“ или освежува бизнисот на оригинален начин кој ќе ги рефлектира мисијата и визијата на вашиот бренд во целост.

02.

Истражување

Следниот чекор е конкуренцијата. Слабостите на конкуренцијата, дигиталниот пристап, позитивните одлики, одѕивот на нивните клиенти – сѐ тоа игра важна улога за тоа каков визуелен идентитет ќе има вашата веб-страница и кон која насока ќе се стреми комуникацијата.

Дали
знаевте?

88.3 %

од вкупното население на Македонија на возраст од 15 до 74 години, користат интернет.

73.9 %

користат интернет неколку пати во текот на денот.

69.4 %

од населението во Македонија пребарува информации за продукти и услуги на интернет.

49.5 %

од лицата направиле ОНЛАЈН купување преку интернет во последните 12 месеци.

Дел од нашите соработници.

Проектите се на англиски јазик.

Подготвени за соработка?

Контакт страницата е на англиски јазик.

We use cookies to give you the best experience.