#Совети&Новости

Дигиталниот маркетинг и е-продажбата во Македонија

Дигиталниот маркетинг го достигна врвот. Веќе не е прашање дали бизнисот е присутен на дигиталните медиуми, туку прашање е „Колку бизнисот ги користи алатките на дигиталните медиуми за да доживее раст?”. Многу е едноставно, со дигиталниот маркетинг може да се стигне до голем број на потрошувачи без разлика каде се наоѓаат, а доколку имате е – продавницата тоа е полн погодок, бидејќи вашите услуги или производи ќе бидат многу лесно достапни до сите.

Зошто токму сега е правилно време да го подобрите вашиот дигитален маркетинг и да имате е-продавница?

Поради пандемијата онлајн продажбата во Македонија е зголемена многу за разлика од 2019-та година. Во Македонија се потрошени неверојатни 4.3 милијарди денари со платежни картички кон домашни интерни продавници. Постигнатиот раст во првите 6 месеци од 2020-та година спрема истиот период во 2019-та година изнесува 113%.  

platezna karticka

Една од поголемите предности на дигиталниот маркетинг е можноста брендот да се претстави во светло кое е пристапно до клиентот. Потенцијалниот клиент, багодарение на стратешко претставување не брендот на дигиталните медиуми, ќе научи која е мисијата на брендот, ќе има допир со вредностите на компанијата која стои позади продуктите и услугите кои ги продава и најважно ќе стекне доверба во компанијата што е многу важно за е – трговијата или онлајн продажбата.

Некои од главните причини поради кои потрошувачите не се осмелуваат да купат онлајн е токму поради лошoто претставување од страна на компаниите и недовербата која jа имаат, па поради ова потрошувачите стравуваат за безбедноста и заштитата на личните податоци. Потоа се појавуваат и други проблеми како недоверба за примање или враќање на производот, долгото време на достава и слично.

e prodazba

Познато е дека популацијата во Македонија е 2.8 милиони, од кои 1.7 милиони се корисници на интернет, што значи дека 60.7% од целата популација користи некој начин на онлајн поврзување.

Македонците се над Европскиот просек во користење на интернет за социјални медиуми. Односно со 84% Македонија е 5-та земја во Европа во користење на интернетот за социјални медиуми.

Исто така интересна статистика е тоа дека поседувањето на мобилни телефони во Македонија е 2.10 милиони, што наведува дека некои корисници имаат по два, па дури и три мобилни уреди. Затоа потребно е и прилагодување на сите онлајн платформи на вашата компанија и за мобилни уреди.

© 2014-2021

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!