#Совети&Новости

Какво влијание има пандемијата врз дигиталниот маркетинг?

Влијанието на пандемијата беше од разорувачки карактер врз многу од бизнисите, кои ја намалија својата продажбата или пак за жал, буквално згаснаа. Дури до 43% од малите бизниси се привремено затворени и сите овие затвaрања се должат на COVID-19.

Tаблетот, мобилните телефони, компјутерите и други уреди значително го засилија присуството на дигиталниот маркетинг и нивната улога кај секојдневниот корисник да ја пренесат промотивната порака или маркетинг кампањата стана неминовна. Неочекуваното зголемување на бројот на луѓе кои се во затворен простор и нивниот променет начин на живот многу ја зголеми потребата за дигитален маркетинг а воедно и целосното онлајн претставување на еден бизнис.

Сè повеќе потрошувачите го трошат своето време на интернет со што бизнисите го променија својот начин на претставување на брендот и се префрлија на агресивно онлајн претставување и користење на социјални медиуми за да се поврзат со своите потрошувачи и постојано да бидат пред нивните очи, а со тоа и да се зголеми продажбата. 

За многу брендови онлајн присуството не било никогаш толку важно како сега. Зошто? Затоа што 3.8 милијарди луѓе од светот поседуваат паметен телефон кој го користат за следење на новости, барање на продукти и услуги, посетување на веб страници и слично. А дигиталниот маркетинг е токму тоа што помага да допрете до целните групи на потрошувачи кои се заинтересирани за вашиот продукт додека сурфаат на интернет.

Пандемијата го забрза процесот на дигитализација и направи многу бизниси да бидат принудени да скокнат на „дигиталниот воз“ за да можат да опстанат на пазарот. Веќе не е прашање дали бизнисот е дигитализиран, прашањето е: Колку бизнисот инвестира во дигиталниот маркетинг за да не се изгуби во светот на конкуренцијата?

Неколку интересни статистики за тоа како пандемијата влијае врз потрошувачите:

  1.  49% од глобалните потрошувачи сега купуваат преку Интернет повеќе отколку што правеа пред пандемијата.
  2.  25% од купувањата преку Интернет сега се направени преку интеракција со платформа за социјални медиуми
  3.  75% од купувачите го сменија своето пазарно однесување во услови на пандемија
  4.  39% од анкетираните корисници на социјалните медиуми изјавија дека трошат повеќе време на социјалните медиуми

Доколку вашиот бизнис има потреба од подобро претставување на социјалните медиуми и секој дигитален медиум, време е да се препуштите на професионалци кои имаат долгогодишно искуство со дигитален маркетинг за да ви помогнат во прилагодување на барањата кои ги има пазарот.

Стапете во контакт со нашиот тим за дополнителни информации.

© 2014-2021

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!