Многу компании во маркетингот гледаат трошок, активирајќи го само тогаш кога има потреба од зголемување на продажбата. Како резултат на ова, компаниите целат кон тоа да се заштеди во трошоците за маркетинг по секоја цена. Но, колку е тоа паметно?
Наместо маркетингот, тие определуваат буџет кој е важен за компаниските основни потреби, дали тоа е нови вработени, или пак нешто друго кое сметаат дека ќе донесе инстантно подобрување на бизнисот.
Со овој начин на размислување, многу компании ја испуштаат големата слика за сопствениот бизнис. Без нови клиенти и без континуирана продажба, на крајот нема да има ни бизнис.
Еве што има кажано познатиот бизнис гуру Петер Друкер на оваа тема:
Компаниите кои во маркетингот гледаат како инвестиција која им помага во раст на бизнисот, неопходно е да го задржат тој тренд за континуирано да расте бројот на клиентите, а со тоа и продажбата.
Сите бенефити од маркетингот допринесуваат во раст на долги стази. Истражувањата покажале дека компаниите кои работат со дефиниран маркетинг план, го забрзуваат растот на компанијата за 30%. Додека пак 71% од компаниите во светот кои доживуваат континуиран раст веќе работат со дефиниран маркетинг план.
Компаниите не можат да си дозволат да функционираат без професионален маркетинг тим и план. Одлуката да не се инвестира во маркетинг прави бизнисот да „тапка во место” без никаков прогрес.
Маркетингот не е само за денес, или пак за одреден период. Успешните компании инвестираат во маркетингот без престан, со однапред дефинирани цели, таргети и планови за менаџирање на потенцијална криза.