#Совети&Новости

Статистики и трендови кои се важни за автомобилската индустрија

Клиентот поминува одреден дигитален пат за да стигне до услугите кои брендот ги нуди. Тој дигитален пат се случува со претходно пребарување низ интернет за потребите кои ги има клиентот. 

Но, не останува само на пребарувањето. Врз одлуките на клиентот влијае и адвертајзингот, начинот на претставување на одреден автомобилски бренд, воедно и довербата која ја има изградено со клиентот.

Како да се дојде до вистинскиот купувач? Одговорот на прашањето не е толку едноставно, затоа да погледнеме некои од најновите статистики и трендови за купувачите на автомобили и како тие директно ќе влијаат на подобрување на продажбата во оваа индустрија.

3 статистички податоци важни за автомобилската индустрија

1. Само 1 од 3 потенцијални купувачи на автомобили го знаат точното возило што сакаат да го купат. Дигиталниот маркетинг може многу да влијае на овие неопределени купувачи насочувајќи ги кон вистинските дигитални реклами во вистинско време.

statistika

2. 76 % од купувачите на нови возила пребаруваат на интернет пред да купат за да добијат одговор на прашањата кои ги имаат и и податоците кои ги бараат.

3. Купувачите на автомобили поминуваат во просек скоро 14 часа на Интернет за време на нивното пребарување. За да го привлечете „секогаш поврзаниот“ купувач, мора да го оптимизирате искуството со купување автомобили на сите уреди.

3 Трендови кои ќе бидат актуелни во автомобилската индустрија во 2021

1. Мобилна оптимизација

Мобилните уреди го променија начинот на кој корисниците на автомобили пребаруваат и купуваат. Купувачите преферираат да го користат својот мобилен уред за да пребараат возила дури и ако се наоѓаат во близина на некој автомобилски салон. Направени се повеќе студии во врска со оваа тема, дури 51% од луѓето кои користат автомобил ги пребаруваат своите омилени модели и споредуваат цени преку нивните мобилни уреди.

Друго истражување покажа дека 72% од купувачите кои ги користат своите мобилни уреди веројатно посетуваат повеќе од еден автомобилски салон. Затоа нормално би било да се инвестира повеќе во мобилните реклами за да се направи извонредно искуство кое ќе има позитивен резултат.

automotive dealership

2. Следење на корисничкото искуство

Процесот на купување на возило трае од од 5 до 12 недели. Започнува со пребарување на интернет за да се пронајдат брендовите на коли кои би спаѓале во опцијата за купување. Следниот чекор е стеснување на изборот заснован на прегледи и мислења. Следно, потенцијалниот купувач оди во автомобилскиот салон за да спроведе тест возење пред да направи купување, за на крај конечно да дојде до правилниот избор. 

Процесот на купување е долг и комплициран, но добрата маркетинг кампања може многу да помогне во задржување на купувачот на правиот пат. Затоа следењето на корисничкото искуство е важно за собирање на мислења и потребни информации.

3. Видео персонализација

Персонализираните видеа се интерактивни и може да се адаптираат кон купувачот или таргетираната група на потрошувачи. Ефективноста на персонализираните видеа е огромна. Истражувањата покажуваат дека дури 70 % од купувачите на коли пред да донесат одлука за купување гледаат YouTube видеа. Дури и Forbs го дефинира видео маркетингот како моќна алатка која е потребна на сите брендови.

Автомобилската индустрија претрпува огромна трансформација на која автомобилските застапништа треба да се прилагодат.

 

© 2014-2021

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!