fbpx
#Совети&Новости

3 причини зошто ребрендингот е важен?

Веќе имаме зборувано за тоа што е брендинг, и зошто е важен, но подеднакво важно е и ребрендирањето на една компанија, доколку тоа се направи како што треба.

На кратко, брендирањето е важен маркетинг чекор, преку кој производот или услугата стануваат препознатливи за потрошувачот. Преку брендирањето се комуницира со потрошувачите и се формира силна врска со крајните купувачи.

Откако една компанија ќе го најде својот комфор со дефиниран визуелен изглед, се е лесно. Но, што се случува доколку компанијата сака да направи промена на изгледот на својот бренд? Посакуваната промена бара ребрендирање. Процесот на ребрендирање е долг, но сепак многу компании се одлучуваат да го променат својот брендинг и да понудат нешто ново на пазарот или да се ребрендираат бидејќи сепак треба да се следат промените што се случуваат на пазарот.

3 Причини зошто компаниите се одлучуваат за ребрендинг

Зошто компаниите се одлучуваат на овој чекор? Има неколку причини, и тоа:

  • Доколку вашиот бренд е сличен со други брендови и не e повеќе уникатен,
  • Доколку вашиот бренд се развива многу брзо и чувствувате потреба од промена,
  • Доколку вашите клиенти не се чувствуваат поврзани со вас и потребна ви е нова порака и нов изглед.

Ребрендирањето претставува маркетинг стратегија во која се создава ново име, симбол или дизајн, со намера да се развие нов идентитен на еден бренд. Понекогаш само мал редизајн може да привлече големо внимание од јавноста, да ја поттикне продажбата или пак да ги зголеми приходите.

“Burger King” се ребрендира за прв пат после 20 години

Една од поголемите компании која целосно се ребрендираше е “Burger King”. Целосниот ребрендинг на логото, пакувањето на храната и рестораните е направен за да одговори на побарувачката на здрава храна и поради отстранувањето на конзрвансите од своите продукти. Ова е прво ребрендирање на Burger king по повеќе од 20 години и вклучува ново лого со заоблен фонд кој ја рефлектира формата на неговите плескавици и други делови од менито.

© 2014-2021

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!