#Совети&Новости

5 маркетинг митови, РАЗРЕШЕНИ!

Маркетингот постојано се менува. Секојдневно се појавуваат нови платформи, техники и трендови и иако сето ова е возбудливо сепак компаниите наидуваат на проблем. Постојано слушаат за најнови трендови и трикови, на кои што не треба слепо да им се верува. Време е да ја разјасниме конфузијата и да ги разрешиме следните 5 митови

1. МИТ: „Не ми треба веб-страница“

Доколку сакате да ве најдат на интернет, потребна ви е веб страница. Според нови истражување, само 46% од малите бизниси имаат веб страница. Ова е шокантна статистика, особено кога се смета дека луѓето поминуваат до 6 часа на ден на Интернет.

Кога имате веб страница не само што се зголемува вашето присуство на Интернет, туку е и виртуелен доказ дека постоите. Потенцијалните клиенти ќе се сомневаат во вашиот кредибилитет доколку немате веб страница.

marketing plan

2. МИТ: „Маркетинг на повеќе канали е губење време“

Промовирање преку повеќе платформи ќе го зголеми вашиот број на клиенти. Клиентите се насекаде и присуството на повеќе платформи им помага на бизнисите да бидат во чекор со барањата на потрошувачите кои постојано се менуваат. Бизнисите што се ограничуваат на една платформа, буквално се ограничуваат од половина од базата на клиенти што е достапна.

3. МИТ: „Секој може да биде мој клиент“

Колку и да е добар вашиот бизнис секогаш ќе има потрошувачи на кои нема да им се допаѓа тоа што го нудите на пазарот. Нема да им се допаѓа бојата на вашиот производ или пак нема да им се допаѓа како вашата компанија се промовира на пазарот и слично. Ова е нормално и не треба да се фокусирате да ги задоволите барањата на сите потрошувачи.

Потребно е да ја знаете вашата целна група и да се посветите на нив, да ги решите нивните проблеми и да ги задоволите нивните потреби. Фразата „Секој може да биде мој клиент“ е едноставно губење на вашето време, пари и ресурси.

marketing istrazuvanje

4. МИТ: „Сами знаеме да рекламираме на социјални медиуми“

Во 2021 година секој од нас има социјални медиуми и знае да ги користи. Но зошто кога се работи за вашиот бизнис изреката ,, сами знаеме да се рекламираме на социјалните медиуми,, е мит? Кога се работи за рекламирање на еден бизнис потребно е да се преземат многу чекори пред да се постира една единствена објава.

Потребно е истражување за тоа која платформа е најсоодветна за да се објавува, колку пати во месецот да се објавува, каква содржина да се објавува и многу други детали кои доколку не си маркетер не би ги знаел, а имаат огромно влијание.

5. МИТ: „Сам ќе си дизајнирам лого “

Логото е всушност првиот впечаток кој го имаат потрошувачите за вашата компанија, затоа оставете ја неговата изработка на лого дизајнери. Професионалците кои се занимаваат со изработка на лого се свесни колку труд треба да се вложи за да се изработи лого, кои бои да се употребат за да се остави добар впечаток и што всушност го зграпчува вниманието на потрошувачот.

Како што кажавме, логото е првиот впечаток кој го имаат потрошувачите за вашата компанија, не преземајте ризик и дозволете да биде изработено на професионален начин. Секако дека вашето мислење и идеи се важни и ќе бидат инкорпорирани на начин кој е најдобар.   

Доверете се на професионалци за да бидете во тек со најновите маркетинг новости!

© 2014-2021

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!