fbpx

5 Интересни факти за историјата на графичкиот дизајн.

Графичкиот дизајн е насекаде околу нас. Почнувајќи од утринскиот весник, веб страните кои ги скроламе низ текот на денот, брендираните автобуси кои не изминуваат, билбордите, тв рекламите итн.

Графичкиот дизајн ја дефинира комуникацијата на еден бренд или активност и овозможува лесна комуникација за целите кои тој бренд или активност сакаат да ги постигнат.

Но, кои се почетоците на креативноста во графичкиот дизајн? Издвоивме неколку кои се интересни за нас, и кои воедно ја обликуваат историјата на оваа дисциплина.

1. PHOTOSHOP.

Првата верзија на Photoshop е креирана во 1988та година од страна на браќата Томас и Џон Кнол.

Официјалната можност за користење на апликацијата за јавноста била објавена во февруари 1990та година ексклузивно за тогашниот Apple компјутер Macintosh. Цената на апликацијата била неверојатни 895$.

2. ФОНТОТ HELVETICA.

Helvetica фонтот е создаден во 20тиот век и набргу станал еден од најпопуларните фонтови во светот.

Фонтот е креиран од страна на Макс Миедингер и неговото име е превод од латинското име за Шведска. Фонтот е популарен кај дизајнерите поради неговиот чист, моќен и модерен изглед.

3. ПРВАТА ВЕБ СТРАНА.

Првата веб страна во светот била креирана пред 25 години, во 1991ва година.

Нејзината изработка била од страна на 60 годишниот компјутерски научник Тим Бернерс-Ли од Британија.

4. ЛОГОТО НА NIKE.

Во 1971 година, студентка со име Каролин Давидсон го дизајнирала логото на Nike за само 35$.

Но, огромниот придонес на Каролин  во препознатливоста на Nike  не поминал без соодветно признание. Во 1983та, откако Nike станале јавна компанија, и приредиле забава каде што и подариле неоткриена сума на акции кои се вредни приближно до 1 милион долари.

5. ПРВИОТ WATERMARK.

Првиот Watermark за заштита на креатива датира дури до 1282 година.

Неговата цел била да ја идентификува креативата, воедно да ја заштити од нелегално превземање. Тоа е целта на Watermark-от и денес!

Пополнете ја формата