fbpx

Што е Брендинг?

Брендинг, дисциплина која не секогаш e добро разбрана. Многумина зборот „брендинг” го сфаќаат како дел од маркетингот, или пак го сфаќаат како „стил на корпоративен живот”, но, што всушност е брендинг?

Прашање кое дефинитивно е тешко да се одговори без да се претстави визуелно, особено во денешницата која непрестајно плива во, ни помалку ни повеќе, дигитален океан.
Целосно спротивно на она што многумина сметаат дека „знаат што е брендинг”, брендингот не е лого. Логото е само дел од суштината на атрибутите на еден бренд.
Брендингот може да се дефинира во два збора- намерна диференцијација. Брендингот е способноста да се креира содржина за специфичен концепт, кој ќе биде „гравиран” во брендот, со претходно детално истражување.
Кога ќе помислите на одреден бренд, на ум Ви доаѓаат одредени асоцијации во врска со тој бренд. За еден бренд да поттикне препознатливост, таа треба да биде пренесена со визуелна комуникација. Преносот на визуелната комуникација се состои од креирање на симболика за одреден бренд, преку фонт кој ќе биде наменски создаден или одбран, преку боите кои ќе го оформат „лицето” на брендот, преку креативниот дизајн кој ќе ги претстави сите претходно споменати атрибути, и финално, „јазикот” на кој ќе комуницира тој бренд.
За да се постигне квалитетен брендинг не треба да се избрзува во донесување на одлуките при негово реализирање, брендингот е препознатливост која треба да биде ефективна во секунди.
Нашиот мозок е лесно прилагодлив на визуелните елементи, и најлесно е визуелно да изградиме чекори при препознавање на еден бренд. Луѓето гледаат по специфичен редослед, тие најпрво гледаат боја, па форма, па бројки, и после тоа, доколку сте им го привлекле вниманието доволно, ќе го прочитаат она што ќе го претставите пред нив.
Брендингот е длабока манифестација на човечкиот креативен дух, и не треба да се користи само од комерцијален аспект, туку треба да се користи во спојување на луѓето, во поттик на заедничка интеракција, заедничко вмрежување, унифицираност на креативата дизајнирана од адекватниот тим.
Тоа е успехот на еден бренд.

Пополнете ја формата