• Категорија:Веб развој & социјални медиуми
  • Датум:јануари, 2019
  • Клиент:Елена првпат ја сретнавме во 2016 година на една од конференциите кои ги ко-организиравме и за кои работевме на дизајнот. Првите импресии беа многу силни. Денес, Елена за нас е една од најмудрите личности кои ги познаваме. Нејзиното знаење им помага на луѓето на незамисливи начини.

Чекор 01

Веб дизајн & развој

Елена знае за моќта на респонзивна и функционална веб-страна, и затоа ги побара нашите услуги за дизајн на комплетно нова веб-страна. Арс Лусида е брендот на Елена чија цел на постоење е да им помогне на луѓето преку исцелување. Нашата цел беше веб-страната да претставува пресликување на нејзините учења на транспарентен, чист, информативен и лесен за корисници начин.

Чекор 02

Социјални медиуми

Секој бренд мора да комуницира со своите клиенти преку социјални медиуми, но на професионален начин, тоа е она што Елена го препозна во потребите на својот бренд. Ние создаваме уникатен начин на комуницирање со нејзините клиенти, преку визуелен ангажман и со креативна содржина.

Чекор 03

Организација на настан

Бисерка Хорватин од Хрватска, колешка на Елена, иницираше начин да ги подучи луѓето за Access Consciences, па така обете побараа наша помош во организација на настанот и меџирање на искуството. Во ТЦЦ Гранд Плаза организиравме настан за 150 луѓе.

Дали сте заинтересирани за некои од наведените услуги?