• Категорија:Визуелен идентитет & веб развој
  • Датум:25 јуни, 2018
  • Клиент:Катерина Ангеловска е амбасадорка на позитивната мисла, која ги менува животите на луѓето преку професионално советување за личен развој.
46825050_2188994604674766_723466831326609408_n

Чекор 01

Визуелен идентитет

Пред да започнеме со дизајн на визуелниот идентитет за Катерина, одвоивме време подобро да се запознаеме со неа, нејзините цели и визија за нејзината компанија. Потоа се обидовме да ја прикажеме нејзината постојана желба со својата смиреност и позитивност да им помогне на луѓето преку тоа што ги обучува. Така и се роди визуелниот идентитет на нејзиниот личен бренд.

Чекор 02

Веб дизајн & разбој

За Катерина создадовме комплексна веб-страна, во која е вклучена е-трговија, менаџирање на настани, можност за онлајн-курсеви, сето тоа имајќи ја предвид нејзината мисија и визија и претставувајќи ја онаква каква што е. Се потрудивме да креираме концепт синхронизиран со нејзината целокупна активност.

Чекор 03

Е-маил маркетинг

Секој бренд треба да се грижи за своите корисници на дневна база. Маркетингот преку е-маил е она што ја храни интеракцијата со клиентите. Токму тоа е она што го постигнавме менаџирајќи го овој дел од маркетингот.

Чекор 04

Дизајн на корица за книга

Катерина Ангеловска и нејзиниот сопруг Радован Витошевиќ се упатија на патување за кое беше потребно многу знаење и храброст, а тоа е – да напишат книга заедно. Насловот на книгата е „Будење на свеста“ и претставува водич за тоа како да се започне со патот кон својот личен развој, како да се стане подобра личност и преку тоа да се измени околината. Ние успеавме да ја пренесеме нивната визија во дизјан на корицата на книгата која воедно ја рефлектира и дуалноста меѓу машките и женските моќи.

Дали сте заинтересирани за некои од наведените услуги?