fbpx

Колку % од својот буџет трошат брендовите на светско ниво за рекламирање?

Меѓународната организација WARC посветена на рекламирањето и ефикасноста на медиумите, го објави својот најнов извештај за трендовите на рекламирање, Global Ad Trends, во кој се прикажуваат најновите истражувања од светската рекламна индустрија со акцент на надворешното рекламирање.
Врз база на податоците од медиумски канали од 96 земји и детални анализи од клучните светски рекламни пазари – Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Русија, Велика Британија и САД – кои опфаќаат две третини од вредноста на глобалната трговија на адвертајзингот, клучните сознанија се следните:
Успешните брендови во просек издвојуваат 13% од своите медиумски буџети на надворешното рекламирање
Буџетските издвојувања на успешните брендови за надворешното рекламирање во просек изнесуваат 13% . Влијанието на надворешното рекламирање останува стабилно, што се изедначува со учеството на каналот во глобалната потрошувачка на реклами.
Извештајот на Меѓународната организација WARC исто така открива дека најголемите инвеститори во надворешното рекламирање се владините и непрофитни организации (26% од буџетот), брендовите на алкохолни пијалоци (16%) и малопродажнитебрендови (14%).
Влијанието на надворешното рекламирање во глобалните инвестиции во рекламирањето од 1990 година до сега беше во просек 6%
Уделот на надворешното рекламирање во глобалните инвестиции во се има значајно намалено од 2012 година наваму, но на долгорочни стази е стабилен.
Последните проверени податоци покажуваат дека инвестирањето во надворешното рекламирање изнесувало 31 милијарди долари во 2016 година, што претставува 5,8% од вкупните глобални инвестиции. Проценките за инвестицијата во надворешно рекламирање за 2017 година покажуваат дека ќе остане на исто ниво.
Дигиталниот маркетинг опфаќа повеќе од една третина од вкупните инвестиции во надворешното рекламирање, со тоа што неговото користење доживува огромен раст
Податоците покажуваат дека дигиталниот маркетинг во вкупните глобални инвестиции во надворешното рекламирање изнесува 34,8% во 2017 година. Долгорочните анализи покажуваат дека инвестицијата во дигиталниот маркетинг ќе се зголеми на околу 45% до 2021 година.
WARC базата на податоци за медиумските трошоци, покажува дека трошокот според бројот на прикажување (CPM) на надворешното рекламирање во клучните пазари е понизок од просекот на сите медиуми. Австралија и Велика Британија се исклучоци.
Просечната цена на илјада прикажувања (CPM) за надворешно рекламирање, чија таргет публика се возрасни корисници изнесува 6,41 долари, додека просекот за сите медиуми за истата публика изнесува 12,20 американски долари.
Глобалните медиумски анализи покажуваат дека:
  • 3.5% просечен пораст на цената на надворешното рекламирање на илјада
  • 5.9% потрошени средства за надворешно рекламирање од 1990 година наваму
  • 7.9% потрошени средства за надворешно рекламирање на светско ниво
  • 13% потрошен буџет на успешни брендови од 2009-2016 година
  • 45% предвидени потрошени средства за дигитален маркетинг до 2021 година

Пополнете ја формата