#Совети&Новости

ЛИЧЕН VS БИЗНИС БРЕНД

Растот на еден бизнис често знае индиректно да се рефлектира врз основателот, базирајќи се на неговите/нејзините вештини и способности, правејќи основателот да доживее огромна популарност или да стане сам свој бренд. Но, не е толку едноставно.

КАКО БИЗНИСОТ ОД КОЈ СЕ СОЗДАВА ГОЛЕМ БРЕНД СЕ ПРЕТОПУВА СО ИНДИВИДУИТЕ КОИ ГО ОСНОВАЛЕ?

Да ги земеме за пример Mark Zuckerberg, Steve Jobs, Warren Buffet, Elon Musk. Сите овие бизнисмени својот бизнис го имаат основано предводејќи се од нивните вештини и цели. Но, кога се одмина прагот и се достигна огромен успех во компанијата, имињата на овие бизнисмени стекнаа врвна популарност. Самите тие се најголем рекламен материјал за нивниот бренд, надминувајќи го скоро секој друг, и без разлика на големината на компанијата и свесноста околу неа, брендот секогаш ќе се асоцира со нивното име. Но, нивната популарност не е намерна, таа е рефлекција на популарноста на нивните бизниси, и тие не ги користат своите лични дигитални платформи за да им помогнат на другите во раст и развој на бизнисот. Но, нивната популарност не прави тие да се сам свој бренд. 

ГРАДЕЊЕ НА ЛИЧЕН БРЕНД

Еден од најчестите примери за личен бренд и маркетинг гуруа е Gary Vaynerchuk. Неговата експертиза во дигиталниот маркетинг започнува со обид за подобрување на фамилијарниот бизнис со винарија користејќи ги алатките на мејл маркетингот, рекламни банери, Google Ads и Youtube. Користејќи ги овие вештини, тој успеал да донесе раст во фамилијарниот бизнис од 3 милиони долари до неверојатни 60 милиони долари за само пет години. Тој е и основател и на VaynerMedia, агенција фокусирана на дигитален маркетинг и раст на бизнисите.

Неговата пасија да им помогне и на останатите не застанува само во бизнисот. Тој успешно достигнува врвна популарност со неговата харизма, автентичност и вештина, станувајќи маркетинг гуру на неговите социјални медиуми, а со тоа создаде сам свој бренд.

КОЈА Е ЗЛАТНАТА СРЕДИНА ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ, А ВОЕДНО И ВО ГРАДЕЊЕ НА СОПСТВЕН БРЕНД?

Златната средина во спојката на овие две полиња е вештината. Ако една личност со своите вештини го вивне сопствениот бизнис, токму тие вештини ќе направат личниот бренд да стане поголем од брендот на бизнисот.

Но, откако бизнисот ќе го доживее својот пик, личниот бренд и компанискиот бренд ќе треба да се одвојат – и тој личен бренд треба да се користи како главен и врвен асет на инката за генерирање што повеќе успех и работа во компанијата. Токму како што прави Gary.

Бизнисот не треба да е само продажна алатка, бизнисот треба да гради однос со клиентите, затоа што нивната доверба е таа која што ќе направи бизнисот да живее и опстои долгорочно.

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!