fbpx
Совети кои се важни при креирање на лого за вашата компанија.

Без разлика дали сакате ново лого, или сакате ре-дизајн на постоечкото, решението не е само да го најдете најдобриот дизајнер, а најмалку да се обидете да го дизајнирате сами онлајн. Најважниот чекор пред да се одлучите да ви го дизајнираат логото лежи во вас.

Веруваме дека не би направиле грешка сами “да го дизајнирате” логото за вашиот бизнис преку различни онлајн платформи, бидејќи ризикувате да направите лого кое нема да е од професионален карактер. Логото е “лицето” на брендот и неопходно е да се задржи неговата професионалност.

Доколку знаете која е мисијата на вашата компанија, тој чекор е лесен. Има неколку работи кои треба да ги направите пред да го дадете потребниот брифинг:

  • Името на вашиот бизнис
  • Посакуваната цел и таргет група
  • Уникатност во вашата идеја
Освен овие основни работи на кои треба да се фокусирате при креирање на брифингот, и следните чекори се неопходни:

Вредности.

Кои се вредностите на вашиот бренд? Дали брендот има „карактер”? Овие прашања имаат огромно влијание на тоа каков ќе биде дизајнот на вашето лого.

Концепт.

Дали имате испланиран концепт со кој сите атрибути на компанијата ќе се поврзат заедно? Можеби имате креативна метафора преку која ќе ја раскажете мисијата на вашата компанија.

Слоган.

Совршен, примамлив и експресивен слоган е идеална инспирација за дизајнерот. Слоганот го раскажува брендот, го рефлектира неговиот глас и е круцијален за дизајнот на логото.

Погледнете ги првите логоа на многу познати брендови, кои докажуваат дека иновативноста и еволуцијата на логото, е повеќе од потребна:

Доколку доживеете блокада при креирање на сите чекори, без паника. Нормално е да немаме знаење за се, но затоа секогаш постои професионален тим кој ќе биде подготвен да ги реализира сите чекори од почеток до крајното креативно решение.

Пополнете ја формата