fbpx

ФИЗИЧКА VS ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА.

Несомнени се фактите дека повеќе од 40% од луѓето купуваат онлајн преку десктоп, смартфон или таблет, и бројката е во раст. Но, колку тоа е важно за еден бизнис?

Често пати се случува да се соочиме со прашањето: Зошто ми е потребна онлајн продавница, кога веќе имам физичка? Иако целта на двата типа на продавница е продажба, однесувањето на клиентот кај двата типа е сосем различно.

Што е важно кога станува збор за онлајн продавница?

Доколку клиентот посети физичка продавница, троши време разгледувајќи, одлучувајќи и често пати шетајќи низ продавници. Времетраењето и енергијата потрошена, иако кај многумина е чувство на возбуда при шопинг, во реалноста трошењето на енергија при разгледување допринесува до замор, кој што ни ги “замаглува” одлуките при купување.

Од друга страна, доколку клиентот стапи во контакт со брендот онлајн, додека се вози во автобус, од комфорот на својот дом, или од работното столче, се соочуваме со поголема можност продуктот да е купен во тој момент на одморена и релаксирана одлука.

Посетата на онлајн продавницата на брендот се сведува на неколку принципи: Види, Размисли, Направи и Грижа. Овие принципи ги идентификуваат трудот и целите на бизнисот и идентификуваат каде треба да се инвестира кога станува збор за конекција со потрошувачите.

1. Принцип ВИДИ.

Клиентот гледа дека неговите пријатели се ангажираат во одреден бренд на нивните социјални медиуми, на пример апликација за трчање, и согледува дека тоа создава меѓусебна интеракција кај пријателите.

2. Принцип РАЗМИСЛИ.

Во оваа фаза клиентот доаѓа до момент каде што ќе пребара на пример: кои се најдобри патики за трчање? И секако, ќе надојде на многубројни резултати на Google, од блог постови до активни реклами.

3. Принцип НАПРАВИ.

Клиентот веќе ја носи одлуката и ја прави нарачката.

4. Принцип ГРИЖА.

Клиентот, предводен од првиот принцип и согледувањето на моментот како другите гордо ги споделуваат своите искуства со трчање, ќе сподели на неговите социјални медиуми слика, стори или видео како трча во новите омилени патики. Оваа фаза е моментот кој ја допринесува во градење на свесноста на брендот.

Имајте на ум дека потрошувачите не ги доживуваат секогаш овие фази во целост.

Како сè ова се рефлектира во реалноста?

Замислете, влегувате во физичка продавница за патики и ги разгледувате тие што се изложени. Во тој момент заклучувате дека се скапи за вашиот буџет, и пребарувате на интернет “поевтини патики” од истиот бренд. И на крај, ќе ги купите поевтините кои се ОНЛАЈН достапни. Овој чекор се вика SHOWROOMING или “шетање во изложбен салон” и секогаш клиентот ќе го избере тоа што ќе го види на реклама.

Во дигиталниот свет, брендот е неопходно да е активен онлајн подеднакво, ако не и повеќе од тоа, колку што е активен и физички.

Онлајн продажбата е моќна дигитална алатка, и секој бизнис кој развива и продава продукти треба да е дел од таа алатка.

Пополнете ја формата