#Совети&Новости

Органски Google Search VS Платен Google Search.

Сите сме запознаени со пребарувањето на  Google. За сè што ни е потребно, без разлика дали станува збор за купување на облека, за информација за здравјето, или за локација на одредено место, првиот чекор што го правиме е отворање на пребарувач на нашиот компјутер или смартфон и пребаруваме сè дури не го најдеме тоа што ќе ни привлече внимание.

Гугл има неверојатни 40,000 пребарувања секоја секунда, т.е. 3,5 милијарди пребарувања дневно, и 1,2 трилиони пребарувања годишно. 

Гугл пребарувањата може да се поделат на органски и платени. Денес на кратко ќе ги објасниме предностите на двата вида на пребарувања.

1. ОРГАНСКО ПРЕБАРУВАЊЕ.

Да замислиме бизнис од угостителската дејност, на пример кафуле, кое продава и кафе машини. Бизнисот има континуирани акции за распродажба, или претставување на нови продукти. Во истиот момент, некој го пребарува она кое што го нуди бизнисот, со цел да го пронајде она кое што сака да го купи. Со користење на пребарувачот, личноста добива голем број на органски, неплатени резултати.

Кога пребаруваме, тоа го правиме со одредени клучни зборови, на пример „кафе машина” или „фитнес-центар во центарот на градот”, и покажаните органски резултати ќе бидат селекција од повеќе фитнес-центри или информации за истите. Доколку веб-страната, но и содржината на одреден фитнес-центар е добро оптимизирана и подолго време посетена, ќе бидат меѓу првите во резултатите.

Корисно е содржината за одредениот бизнис да опфаќа „како”-објаснувајќи како и зошто бизнисот постои и што е визијата на истиот. Друг важен фактор е „каде”, бизнисот пожелно е да се постави дигитално локациски и да има конзистентност во тоа. Овие два фактори ќе помогнат во органското позиционирање на Google пребарувачот.

Но, доколку ова не помага, тука е платениот Google пребарувач кој секогаш ќе го постави бизнисот во првите три позиции.

2. ПЛАТЕНО ПРЕБАРУВАЊЕ.

Замислете дека сте во потрага по кафе машина за еспресо или фитнес-центар, и пишувате „фитнес центар во центарот на градот” на пребарувачот, и гледате неколку фитнес центри најпрви со опис „Реклама” или „Ad” збор прикажан пред веб-страната. Ова е платена реклама на Google пребарувачот.

 

Бизнисите кои ќе решат да инвестираат во континуирана платена Google реклама, не само што ќе се прикажат први во резултатите, туку и ќе бидат секогаш достапни за луѓето кои ги пребаруваат нивните услуги.

Со Google платено рекламирање и со паметно избрана целна група , бизнисот ќе биде пред очите на оние кои го пребаруваат и секогаш ќе биде во предност за разлика од органското пребарување. Google платеното рекламирање содржи паметно селектирани клучни зборови кои клиентите ги пребаруваат, и овие зборови помагаат уште повеќе во тоа бизнисот да се прикаже меѓу првите. Освен клучните зборови, Google платеното рекламирање функционира со наддавање на CPC (плаќање поклик), кое тимот кој ја сетира кампањата го оптимизира за уште подобри резултати.

Како сè ова се рефлектира во реалноста?

 

Вашиот бизнис секогаш ќе биде пред очите на оние кои ги пребаруваат неговите услуги. Денешницата е преплавена со смартфон корисници кои секојдневно нешто пребаруваат на интернет. Бидете во тек со Google за вашиот бизнис да е во контуниуран раст.

Добро оптимизирано органско пребарување со добро оптимизирана платена реклама за Google пребарување е добитна комбинација за вашиот бизнис која ќе придонесе со раст на брендот!

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!