#Совети&Новости

ПР (односи со јавноста) и Инфлуенсер маркетинг: Која е разликата и зошто таа е важна?

Маркетингот и ПР- платформите отсекогаш имале сложен меѓусебен однос. Традиционалните маркетери и публицисти ќе се согласат дека разликите се многу видливи, но и покрај тоа што има очигледни разлики меѓу овие две платформи, линијата измеѓу тие разлики станува сé потенка. Особено изразена „истенчена” разлика се забележува кај ПР и Инфлуенсер маркетингот, најмногу заради улогата која ПР-агенциите ја имаат во склопување на корпоративни соработки и градење на публицитет за одреден бренд.
Односот меѓу ПР-от и Инфлуенсерите е толку многу „изедначен” до степен каде што многу компании и не ги одвојуваат овие два термини, и ги сметаат за исти. Но, реалноста е далеку од тоа. Иако Инфлуенсер маркетингот и ПР-от вклучуваат креирање и подигање на свеста и популарноста за одредени брендови преку блогери или социјални инфлуенсери, суштината во постигнување на нивните цели е различна, вклучува различни тактики и користење на различни методи и ресури во целиот процес.
За да ги разбереме ПР и Инфлуенсер маркетингот и нивните меѓусебни односи, со цел да добиеме најдобри резултати од секоја маркетинг стратегија, да изградиме укинатна свест за одредени брендови, треба да ги одвоиме нивните улоги внимателно, и да избегнеме грешки.
Еве ги суштините на ПР и Инфлуенсер маркетингот кои нашата агенција ги практикува и избегнува во менаџирање на одредени брендови:

Суштината на ПР -от.

Работата на публицистите е да ги искомуницираат новостите за еден бренд, и идеите зад „приказните на тој бренд” на начин на кој ќе ги инспирираат медиумите, вклучувајќи ги и блогерите со цел да го забележат брендот и да се зборува за истиот. Една агенција која специјализира во ПР може да испрати покана за одреден настан, не само до медиумите, туку и до Инфлуенсерите, кои иако би присуствувале на настанот, или пак со самото добивање на поканата за настанот, не се обврзани да напишат за тоа случување на нивниот блог или активен социјален медиум. Со ПР-от, добивате загарантирана изложеност на брендот и ветување за органски достиг.

Која е моќта на ПР-от?

Индивидуалното внимание е моќно. Доколку публицистите успеат да допрат до интересот на Инфлуенсерите и останатите кои ќе покажат дека го сакаат вашиот бренд до степен каде што и самите би го споменале, тоа е моќта на изложеноста на еден бренд. ПР-от е исто така многу ефективен во ширење на одредена вест за одредена компанија која би била водена од професионална агенција. Веста може да вклучи претставување на нов продукт, нова колекција или пак нов спот. Кога ПР- агенцијата креира медиумска изложеност на еден бренд, таа не може да има целосна контрола во тоа кој и каде би го спомнал брендот. Блогерите на пример, не се обврзани да користат одредени хаштази, линкови, или објава на актуелни продукти, доколку го видат брендот објавен на најчитан портал и решат да го споменат. Ефективноста на ПР-от е голема, но тешка да се постигне.

Суштината на Инфлуенсер маркетингот.

Инфлуенсер маркетингот вклучува платени соработки или компензации меѓу блогери и одредени брендови. Најуспешните соработки се случуваат кога Инфлуенсерите се навистина полни со ентузијазам кога соработуваат со одредени брендови, и тука се случува забуна која наведува многумина да помислат дека ова е ПР стратегија за еден бренд.
Но, не е така. Компензациите преку кои Инфлуенсерите соработуваат со брендовите, и вистинскате професионална стратегија и менаџирање на еден бренд од ПР- публицистите се две сосема различни нешта.

Која е ефективноста на Инфлуенсер маркетингот?

Овој тип на маркетинг дозволува да соработувате директно со инфлуенсерите на начин кој би бил бенефитен за вашиот бренд. Со спонзорирање на одредена содржина преку инфлуенсерите имате можност да добиете изложеност која ќе биде видена од нивните следбеници на социјалните медиуми. Изложеноста на брендот може да биде контролирана со одредени линкови, слики, хаштази и други пораки дадени на инфлуенсерите, кои вашиот бренд би сакал да ги испорача. Можноста ВИЕ да селектирате одредени инфлуенсери кои имаат голем број на следбеници ви дава предност да вршите поголема контрола врз промовирањето на вашиот бренд и бизнис.

Негативноста од соработка со инфлуенсери:

Следбениците на инфлуенсерите се според одредена категорија кон која инфлуенсерите се насочуваат. Ако еден инфлуенсер е фокусиран на здрава храна, нивниот таргет е ограничен, или пак доколку некој инфлуенсер се насочува кон мода, исто така таргетот е ограничен. Органскиот достиг на нивните објави е многу важен.
Да речеме дека еден бренд плаќа соработка со инфлуенсер за промовирање на најнов продукт: машинка за бричење, и објавата на продуктот на социјалниот медиум на инфлуенсерот добие само 50 лајкувања, без ниедна споделба, и без ниеден коментар а инфлуенсерот има над 10.000 следбеници. Тоа се смета за неуспешна кампања.

Заклучок:

Паметното селектирање на инфлуенсери бара истражување, контакт, креирање на стратегија за промовирањето, која е најважна кога се донесува одлука за соработка со инфлуенсери. Сите овие чекори се дел од секојдневната работа на Агенциите кои водат ПР-менаџмент за еден бренд, и доколку се задржуваме до професионалноста која тие ја нудат, брендот нема да претрпи пад, туку ќе доживее раст во изложеноста и придобивките.

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!