fbpx

Клиент

Катерина Ангеловска

Датум

Јуни, 2018

Барање

Катерина Ангеловска е амбасадорка на позитивната мисла, која ги менува животите на луѓето преку професионално советување за личен развој.

Решение

  • Креирање на визуелен идентитет
  • Изработка на веб страна
  • Дизајн на корица за книга
  • E-mail маркетинг
Client Photo

Целиот тим на Pageland се исклучително посветени на својата работа. Сакаат да го запознаат клиентот и тоа го прават ненаметливо, а потоа целосно се предаваат во креирање на производ кој едноставно е најдобар. Со својата професионалност и одмереност прават секој клиент да се чувствува ексклузивно.

Чекор 1. Градење на бренд

Пред да започнеме со дизајн на визуелниот идентитет за Катерина, одвоивме време подобро да се запознаеме со неа, нејзините цели и визија за нејзината компанија. Потоа се обидовме да ја прикажеме нејзината постојана желба со својата смиреност и позитивност да им помогне на луѓето преку тоа што ги обучува. Така и се роди визуелниот идентитет на нејзиниот личен бренд.

Чекор 2. Изработка на Веб страна

За Катерина создадовме комплексна веб-страна, во која е вклучена е-трговија, менаџирање на настани, можност за онлајн курсеви, сето тоа имајќи ја предвид нејзината мисија и визија и претставувајќи ја онаква каква што е. Се потрудивме да креираме концепт синхронизиран со нејзината целокупна активност.

Чекор 3. Дизајн на корица за книга

Катерина Ангеловска и нејзиниот сопруг Радован Витошевиќ се упатија на патување за кое беше потребно многу знаење и храброст, а тоа е – да напишат книга заедно. Насловот на книгата е „Будење на свеста“ и претставува водич за тоа како да се започне со патот кон својот личен развој, како да се стане подобра личност и преку тоа да се измени околината. Ние успеавме да ја пренесеме нивната визија во дизјан на корицата на книгата која воедно ја рефлектира и дуалноста меѓу машките и женските моќи.

Пополнете ја формата