#Совети&Новости

ШТО, КАКО, КОГА?

Во трката со брзиот развој на дигиталниот свет понекогаш главниот фокус го ставаме само на продуктот. Забораваме на целите кои ги имаме поставено, и патот кој сме го поминале за бизнисот да доживее развој.

ШТО продукт да креираме , КАКО да го претставиме и КОГА да биде пуштен во продажба, планирајќи ги овие чекори забораваме на ЗОШТО.

ЗОШТО продуктот е потребно да се претстави на пазарот? ЗОШТО продуктот е важен за клиентите? ЗОШТО вредностите на компанијата треба да го отсликаат продуктот кој го продаваме? ЗОШТО е неопходно компанијата да работи стратешки за да постигне подобра продажба?

Немајќи одговор на едни од најважните прашања, го ставаме бизнисот во ризик да ги заборави вредностите градени од самите почетоци и да се фокусира конкретно само на продажба. Свесно или несвесно, го носиме бизнисот кон банкрот.

Бизнисот не треба да е само продажна алатка, бизнисот треба да гради однос со клиентите, затоа што нивната доверба е таа која што ќе направи бизнисот да живее и опстои долгорочно.

Прочитајте повеќе за тоа како маркетинг стратегијата ќе му помогне на бизнисот да стои на цврсти нозе, и пред сè, ќе гради однос со клиентот кој ќе вроди плод на долгорочни стази.

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!