fbpx

За нас.

Ние сме повеќе од маркетинг агенција.
Ние сме најдобрите пријатели на вашиот бренд.

Кои сме ние

Нашата маркетинг агенција ги нуди сите маркетинг услуги на едно место. Таа е основана од страна на двајца креативни истомисленици во 2014 година, со океан од идеи и стремење кон резултати, а не само исход.
Pageland е водена од тим коj  му помага на секој бренд да ги дефинира и надмине своите цели, преку бленд на креативна и стратешка визија.

Наша филозофија

На секој бренд му е потребна светлина која ќе го води во предизвикувачкиот свет на конкуренцијата. Ние веруваме во взаемен раст и соработка со нашите клиенти.
Целта ни е да ја преминеме бариерата клиент/корисник и да работиме заедно на градење на партнерство исполнето со успех.

Процес на работа
Работиме со однапред дефиниран процес кој има докажан резултат.
1
2
3
4
5
6
Истражување
Во првата фаза, правиме детално истражување на пазарот на вашиот бренд, што нуди и како можеме со темелен труд да доживееме подобрување.
Стратегија
Откако истражувањето е финализирано, претставуваме стратешки план кој ги содржи сите клучни елементи на вашиот бренд, со план на сите идни активности.
Веб страна
Веб страната е неопходна за секој бизнис. Со финалната стратегија, следниот чекор е дефинирање на веб страната на бизнисот со цел да се претстави брендот темелно.
Playbook
Ако вашиот бренд е веќе изграден, ќе продолжиме со детален Playbook. Доколку работиме на градење на брендот од почеток, ќе ги дефинираме сите канали на комуникација.
Реализација
Ова е моментот кога почнуваме со адвертајзинг. Секој дигитален канал е рекламен ѕвер и ние сме негови мастери, правејќи секоја кампања да е успешна до максимум.
Извештај
На крајот на секој месец, ги “цедиме” сите анализи од кампањите и ги сервираме во детален месечен извештај. Овие анализи ќе помогнат да го увидите растот на бизнисот.

Пополнете ја формата